ЕП У-18: Бугарија ја врати Македонија во Б-дивизијата!

67
ФОТО: KFSM/FB

Нашата јуниорска кошаркарска репрезентација попладнево во најважниот меч на ЕП, не успеа. Македонија доживеа пораз од Бугарија со резултат 87:90.

Ова беше битка за 13.место на ЕП, но и битка за опстанок во елитната А-дивизија. Сега веќе се е готово, нашите јуниори го завршија ЕП на 14.место, со шест порази и само една победа и со тоа се преселија во Б-дивизијата.

Штета, посебно ако се знае дека бевме во игра на овој меч, во таа последна четвртина влеговме со само -1 поен, но овој последен период од мечот јуниорите го одиграа слабо и затоа Бугарите славеа на крајот. На моменти имаа и разлика од 15 поени. Македонија се обиде да ја намали разликата, дојде на само -5 поени, па и на -2, но сепак толку беше. Противникот знаеше како треба во таа драма.

Најефикасен во нашите редови беше Димовски со неверојатни 29 поени. Јаниќиќ запиша 19, а Данев 18.

ПретходноМанчестер Јунајтед со 70 милиони евра тргнува по играчот за врска на Барса!
СледноЛеклер: Разочаран сум, излезе дека имав проблем со шасијата, а не со гумите