Полека, но сигурно и тоа како се загрева атмосферата во пресрет на двомечот од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите меѓу шампионите на Македонија и Азербејџан. Првиот меч меѓу Шкендија и Карабах се игра во вторник од 20 часот на Арената во Скопје.
Па по повод овој двомеч да се потсетиме на некои интересни детали.
Бојан Миовски, сега еден од нашите најдобри фудбалери и напаѓач на Џирона, пред 7-8 години беше дел од Карабах, поточно беше дел од младинците на тој тим и играше во младинската лига на шампионите во Карабах. Со него заедно беше и Оливер Стоименовски. И двајцата тогаш како фудбалери на Работнички, мина шест месеци во клубот од Баку. Веќе напоменавме дека Муарем Муарем шест години го носеше дресот на Карабах.
Да го споменеме и Борче Христов кој некогаш во својата кариера беше главен во академијата на Карабах, за медиумите во таа земја посочи дека тоа ќе биде интересен двомеч. Секако дека се радува што во Скопје ќе дојде неговиот голем пријател Гурбан Гурбанов, кој е тренер на Карабах веќе 17 години.
Само Ндерим Неџипи и Зекирија Рамадани некогаш во својата кариера играле и за Шкендија и за Карабах.
Од ова призлегува дека фудбалските врски меѓу Карабах и мак – фудбалот секако дека се силни.
Наше е да посакаме Шкендија да ја мине оваа пречка и да дојде до портите од рајот. До плеј -офот во Лигата на Шампионите.