Какво промашување на “кралевите“: Си „лапна“ 15 милиони евра од Реал Мадрид без да заигра барем една секунда!

248
ФОТО: Real Madrid FC/X

Дали Реиниер, е најголемото трансфер – промашување на “кралевите“ во последните години? Останува за анализа.

Имено во 2020 година, Реал Мадрид му плати на бразилскиот Фламенго дури 30 милиони евра за да го доведе големиот талент Реиниер.
Во текот на пет и пол години, формално како член на “кралевите“, тој не одигра ниту една секунда во дресот на Реал. Тренерите Зинедин Зидан, а потоа и Карло Анчелоти не му дадоа шанса, па почнаа позајмиците. Борусија Дортмунд, Џирона, Гранада.

Минатата сезона ја помина во овој тим, играше солидно, а ова лето се јави на стартот од подготовките на Реал.
Тренерот Чаби Алонсо веднаш го отпиша. И сега се враќа дома во Бразил, но во Атлетико Минеиро. Годишната плата на Реиниер во Реал беше три милиони евра нето. Ова значи дека ги напушти „кралевите“ побогат за 15 милиони евра.

ПретходноБриџис во дресот на Никс уште 4 години
СледноОвации за Сон, кој со солзи се прости од Тотенхем, а потоа катастрофа! (ВИДЕО)