Возачот на Ферари, Шарл Леклер, е најголемиот губитник на денешната трка за ГН на Унгарија. За време на трката, Леклерк, несвесен за проблемот со шасијата, беше огорчен и го обвини тимот за погрешен избор на гуми.
„Сосема е очигледно дека за време на трката, проценувајќи ја ситуацијата од кокпитот, ги немав сите информации за состојбата на болидот. Сега ги имам овие информации. Како што се испостави, имав проблеми со шасијата, почнувајќи од 40-тиот круг. И од тој момент бев само патник и не можев да направам ништо. Мислев дека проблемот со недостатокот на брзина се должи на изборите со гумите кои тимот ги направи пред трката. Но, тоа не беше случај. Сè уште сум разочаран бидејќи имавме голема шанса да ја добиеме трката“, изјави Леклер по трката.