Македонско гол-шоу: Елези погоди и вторпат, Ристовски со „бомба“ до прв гол во дресот на Сараево (ВИДЕО)

275
фото: FK Sarajevo (Facebook)

Фантастичен натпревар за Сараево вечерва играат македонските интернационалци Агон Елези и Стефан Ристовски. Елези по деби-голот во 16. минута за 1:0 за Сараево на мечот со Радник, во вториот дел нашиот репрезентативец и по вторпат се запиша во листата на стрелци откако во 52. минута погоди и за 2:0.

Голгетерскиот ден на македонските фудбалери во дресот на Сараево продолжи само четири минути подоцна откако Стефан Ристовски го постигна својот прв гол во дресот на новиот клуб.

Мечот се уште е во тек, а Сараево води со 3:0.

ПретходноАгентот на Шешко е во Лајпциг, се чека конечната одлука: Њукасл или Манчестер Ј.?
СледноЛук де Јонг оствари изненадувачки трансфер во Порто