Сега веќе и дефинитивно е јасно дека се повторуваат проблемите во Барселона. Каталонскиот гигант сеуште не може да ги регистрира Рашфорд и Гарсиа, па затоа ќе мора прво дел од своите играчи да продаде.
Еден од тие веројатно ќе биде офанзивниот играч за врска Фермин Лопез. Стратегот на Јунајтед, Рубен Аморим го посакува во својот тим токму него, па затоа клубот од “Олд Трафорд“ е подготвен да плати 70 милиони евра колку што бара Барселона.
И онака Ханси Флик има пеколна конкуренција во средниот ред која ќе се зголеми со присуството на Рафиња кој би требало да игра на местото веднаш зад шпицот со цел да му се најде место на левата крилна страна на Маркус Рашфорд, па не би требало да има проблеми околу евентуалното заминување на Фермин Лопез.