Можно е да налета на Ц.Звезда: Шампионот утре ќе ги дознае можните ривали за плеј – офот во ЛШ и ЛЕ!

365

Шкендија во вторник од 20 часот во рамките на 3.квалификациско во ЛШ, на Националната Арена во Скопје, ќе го одигра својот прв меч против Карабах.

Познато е дека Шкендија во најлош случај ќе игра во лигашката фаза во Лигата на Конференции, ама сега апетитите растат.

Нашиот шампион ако го мине Карабах ќе игра во плеј – офот во ЛШ и најмалку ќе игра во лигашката фаза во Лига Европа.

Па така утре Шкендија ќе ги дознае можните ривали за плеј – офот во ЛШ и можните ривали за плеј-офот во Лига Европа.

Интересно е што тетовци може да налетаат на Ц. Звезда, тоа би бил навистина спектакуларен двомеч.

Сепак сега да се “играме“ со тоа кој што како, најпрво да ја сочекаме ждрепката за плеј-офот во ЛШ утре во Нион во 12 часот, а и таа за ЛЕ од 13 часот.

Претходно околу 8.30 часот ќе бидат објавени подгрупите.

Инаку ова се можните ривали на Шкендија во плеј – офот во ЛШ:

ПретходноЧелзи е се поблиску до својот нов тандем од соништата!
СледноБриџис во дресот на Никс уште 4 години