Муарем Муарем: Шкендија има одличен тим, може да го мине Карабах, ама се знае кој е фаворит!

299

Шкендија во рамките на 3.коло во Лигата на Шампионите се среќава со Карабах од Азербејџан. Клуб кој од година во година напредува, игра во групна фаза во европските натпреварувања, има квалитет, но сепак не е непобедлив.

Еден од оние кои во минатото беа една од главните ѕвезди на Карабах, е и Муарем Муарем, кој во моментов е стратег на Башкими.

Муарем Муарем како македонски интернационалец во два наврати беше шест сезони од овој тим од Азербејџан, токму затоа е повикан за „СпортСпорт“ да ги оцени шансите на Шкендија во овој двомеч:

Секако дека иако не сум веќе во Карабах, ги знам приликите во тој клуб и во фудбалот воопшто во Азербејџан. Имам многу пријатели во Карабах и имам намера да се видам со нив кога ќе дојдат во Скопје. Несомнено силен тим под водство на тренерот Гурбан Гурбанов кој дури 17 години е шеф на струката на Карабах, неверојатно. Што и да кажам за Карабах тоа е познато во јавноста, секако дека тоа добро го знаат и во Шкендија. Мислам дека Шкендија има шанси да го мине Карабах“ посочи Муарем.

За тоа како треба да игра нашиот шамион и во Скопје и во Баку, Муарем има свое размислување:

Шкендија има одличен тим, одличен тренер. Не се сомневам дека Карабах е скениран во целост. Шкендија треба што повеќе да го има поседот, не треба да се брани. Истото тоа ќе го бара и Карабах, значи ќе се сретнат две екипи кои инсистираат на игра, на посед. Јас лично се воодушевив од тоа како Шкендија одигра со Стеауа, така треба да одигра и со Карабах. Искрено се знае кој е фаворит, но според мене Шкендија има добри шанси да оди натаму“ истакна за „СпортСпорт“ Муарем Муарем.

ПретходноКФСМ: Се оградуваме од непримерното однесување на дел од фановите вчера во Куманово!
СледноГалевски: Овој тим е составен да победува, нашите амбиции се највисоки (ФОТО)