Норис ја доби драмата со Пјастри за победа на „Хунгароринг“!

38
ФОТО: Formula 1/X

Супер интересна и драматична трка за ГН на Унгарија на патеката „Хунгароринг“ со еден – два победа за Мекларен, но со триумф на Ландо Норис. Во драматичен финиш, чисто тркање на Норис и Пјастри, победи Британецот за голема радост на неговите фанови. За малку можеше да дојде и до катастрофа во претпоследниот круг кога Пјастри сакајќи да го претекн лидерот на трката, за малку ќе предизвикаше судир на двајцата клупски колеги, сепак за среќа на сите во Мекларен не се случи тоа.

Па така Норис дојде до својата деветта победа во кариерата, петта оваа сезона, па битката за титулата може да продолжи.

Се чини дека Шарл Леклер е најголемиот губитник попладнево. Беше прв на стартот, ја поведе трката, но потоа наидоа пробкемите со Ферарито и на крајот заврши како четврти, доби и казна.

Трет и место на подиумот и за одличниот Џорџ Расел на Мерцедес.

Верстапен заврши како деветти, а Хамилтон на 12.место.

ПретходноОвации за Сон, кој со солзи се прости од Тотенхем, а потоа катастрофа! (ВИДЕО)
СледноИнтересно: И Миовски бил дел од Карабах, само Неџипи и Рамадани играле и за Шкендија и за тимот од Баку!