Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз во квалификацискиот циклус за Еврпското првенство 2026 година. Вечерва во Скопје, нашата селекција загуби во три сета од фаворитот Грција.
МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА 0:3 (8-25, 11-25, 19-25)
Гостинките уште во првите два сета ја демонстрираа својата сила и не им дозволија на нашите одбојкарки ниту да се приближат до некаква егал завршница. Избраничките на селекторот пауновиќ во првиот сет освоија само 8 поени, додека во вториот дојдоа до 11.
Третиот сет успеавме да го одиграме најдобро. Во најголем дел од него и имавме континуирана предност, но во завршницата следуваше несфатлив пат и серија на поени за гостинките кои од 17:12 за нас, дојдоа до 17:22 за нив (серија од 10:0) и го решија мечот во многу кус период.
Терзиевска освои 12 поени во нашата селекција, додека Тикманиду со 14 беше најефикасна кај Грција.
За нашата селекција последниот меч ќе биде оној со Австрија во сабота во Хартберг.