Легендарниот тренер Драгослав Степановиќ (76), и тоа како го искритикува својот сонародник Лука Јовиќ, досегашниот напаѓач на Милан, кој сега за сега нема клуб. Можеби ќе заврши во Овиедо.
Легендарниот Степи се чини дека и не е изненаден толку од големиот пад во кариерата на српскиот репрезентативен напаѓач, кој пред неколку години направи спектакуларен трансфер од Ајнтрахт Франкфурт во Реал Мадрид:
“Си ја упропасти кариерата. Во Ајнтрахт беше чудо, а потоа се пресели во Реал и почнаа проблемите. Лука треба малку да биде поскромен, да не се расфрла со парите. Ова е мој татковски совет до него. Кога видов во еден весник фотографија како чека ред да и купи на сопругата чанта од 150.000 евра, се фрапирав. Самиот си се прашав: Па, добро што прави тој, не ми е јасно?! Не му треба тоа“ рече покрај другото Степановиќ за медиумите во Србија.