Челзи е се поблиску до својот нов тандем од соништата!

97

Челзи веќе доведе неколку сериозни фудбалери – Жоао Педро од Брајтон, Гитенс од Борусија, Делап од Ипсвич, Естевао од Палмеирас, Есуго од Спортинг, Сар од Стразбур, како и Паез од Индепендиенте – но тоа нема да биде сè.

Најголемо засилување за Челзи ова лето би требало да биде Чави Симонс, фудбалерот на Лајпциг кој, според очекувањата, е ѕвезда на летниот преоден рок и кој ќе чини околу 75.000.000 евра.

Тој веќе се договорил со Челзи, за што веќе беше пишувано, а трансферот би можел да се финализира во следните неколку дена, имајќи ја предвид големата желба на Симонс да заигра на „Стемфорд Бриџ“.

Второто, но не помалку важно засилување, би можел да биде Алехандро Гарначо, фудбалерот на Манчестер Јунајтед, кој не се вклопува целосно во плановите на Рубен Аморим. Португалецот очекува продажба на Аргентинецот, а по неуспешните преговори со повеќе клубови, на ред дојде Челзи.

Сè уште нема сериозни преговори, но Челси ја изразил својата намера да го доведе овој фудбалер, а до крајот на преодниот рок остануваат уште 27 дена – доволно време за реализација на трансферот…

ПретходноГалевски: Овој тим е составен да победува, нашите амбиции се највисоки (ФОТО)
СледноМожно е да налета на Ц.Звезда: Шампионот утре ќе ги дознае можните ривали за плеј – офот во ЛШ и ЛЕ!