Елези го постигна својот прв гол во дресот на Сараево (ВИДЕО)

150
фото: FK Sarajevo (Facebook)

Во овие моменти се игра натпреварот од второто коло на Првата лига на Босна и Херцеговина, меѓу Сараево и Радник, каде домашните веќе водат со 1:0, а стрелец на голот беше нашиот репрезентативец Агон Елези.

Тој е едно од новите засилувања за трофејниот босански состав и денеска успеа да го постигне својот прв гол во „бордо“ дресот на Сараево.

Елези го искористи добриот центаршут на Ќеремех и со малку среќа ја затресе мрежата на Радник за 1:0.

ПретходноАјдоган од Гостивар во дресот на Башкими
СледноАгентот на Шешко е во Лајпциг, се чека конечната одлука: Њукасл или Манчестер Ј.?