КФСМ: Се оградуваме од непримерното однесување на дел од фановите вчера во Куманово!

188
ФОТО: KFSM.MK

Раководството на Македонската кошаркарска федерација со сопштение денеска објави дека се оградува и го осудува непримерното однесување на мал дел од навивачите на натпреварот Македонија-Романија, одигран на 2. август, 2025 година во Куманово.

Ние, како Македонска кошаркарска федерација, длабоко жалиме, и најостро се оградуваме од непримерното и националистичко однесување на дел од навивачите што беше забележано за време на натпреварот одигран на 2.август, 2025 година, помеѓу сениорските репрезентации на Македонија и на Романија, во Куманово.

Таквите постапки не го претставуваат духот, вредностите и идентитетот на нашата федерација, ниту го отсликуваат мнозинството од нашите навивачи, кои секогаш ќе бидат пример за спортска култура и поддршка. Националистички пароли, говор на омраза и поттикнување нетрпеливост, немаат место ниту на трибините, ниту во спортот, воопшто.

Ги повикуваме сите навивачи, да се воздржат од слични постапки во иднина и да дадат свој придонес во создавање на позитивна, безбедна и инклузивна атмосфера на стадионите и салите. Истовремено, секогаш ќе соработуваме со надлежните институции за идентификација на инволвираните лица како во иднина не би се случувале вакви изолирани настани.

Повторуваме: спортот обединува – не дели. Нашата заедничка цел е, фер натпревар, меѓусебна почит и достоинствено претставување на нашите бои“ се вели во соопштението.

ПретходноТерзиевска: Со добра игра и верба да покажеме дека претходниот циклус не беше случајност
СледноМуарем Муарем: Шкендија има одличен тим, може да го мине Карабах, ама се знае кој е фаворит!