Аларов: Не сум човек кој сака да прогнозира, наше да работиме и да градиме резултати!

65

Михаил Аларов е едно од новите имиња во тимот на РК Алкалоид. На 27-годишникот кој игра на позицијата пивот не му беше потребно многу време да се адаптира на новата средина, затоа што ќе ја дели соблекувалната со познати лица.

Подготовките течат во најдобар ред, целите се високи, но прогнози предвреме нема, вели Аларов.

„Работиме доста напорно, имаме доволно време да ја темпираме формата според желбите на тренерот Лазаров и добро да се спремиме за тешката сезона, која сигурно ќе биде највозбудливата досега. Ќе имаме и тежок противник во Европа, но ние како играчи даваме максимум секој ден, екипата е сложна, полека се подготвуваме за нашите цели кои сакаме да ги оствариме и исполниме.

Во РК Алкалоид се вклопив одлично затоа што играчите ги познавам од порано, условите за работа се одлични и професионални и немам никакви забелешки. Околу очекувањата за она кое ни следи, не сум човек кој сака да говори предвреме за трофеи, туку само да работиме и да градиме резултати. Целите секако дека се високи, имаме желба да играме и групи во Европската лига на ЕХФ, а дали ќе успееме, времето ќе покаже. Наше е да работиме“, изјави Аларов

ПретходноМицкоски: Го осудувам национализмот и ксенофобијата! Навивачки групи треба да навиваат спортски!
СледноЛига Европа: Шкендија во плеј – офот би играла со поразениот од двомечот Лудогорец – Ференцварош!