Баер го завери Шик до 2030 година!

37

Патрик Шик, играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, го продолжи договорот со германскиот клуб до 2030 година.

„Многу сум благодарен што покажавте доверба во мене со ова продолжување на договорот и што ми ја доверивте оваа одговорност. Не сакам никого да разочарам, но сакам да ви ја вратам довербата со моите настапи на теренот“, рече Шик, како што објави клубот преку социјалните медиуми X.

Шик (29) пристигна во Баер во 2020 година од Рома, а оттогаш одигра вкупно 168 натпревари и постигна 81 гол за клубот од Леверкузен.

Чешкиот напаѓач минатата година ги освои титулите во Бундеслигата, националниот куп и Суперкупот на Германија со Баер.

„Ми се допаѓа фокусот на иднината. Баер работи напорно за да изгради врвен тим за годините што доаѓаат. Цврсто верувам дека ќе продолжиме да играме важна улога во Бундеслигата и во Европа“, рече Шик.

ПретходноШкендија е спремна за историска пресметка со Карабах, за ново ЧУДО во Европа! (ФОТО)