Експедицијата на Карабах веќе е во Скопје. Предмалку Азербејџанците слетаа во главниот град на Македонија во добро расположение во пресрет на утрешниот прв дуел од двомечот со Шкендија во 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.
Свесни за своите квалитети и улогата на фаворити, сепак и тие и јавноста во Азербејџан смета дека македонскиот шампион и тоа како е опасен противник.
Да потсетиме дека утрешниот меч се игра на Националната Арена “Тодор Проески“ од 20 часот.