Капитенот се сели во Романија: Никола Ѓоргиев ќе го облече дресот на Рапид (Б)

112
фото: CEV.eu

Капитенот на машката одбојкарска репрезентација на Македонија, Никола Ѓоргиев, во новата сезона ќе го носи дресот на еден од најстарите одбојкарски клубови во Европа, романски Рапид Букурешт. Ѓоргиев минатата сезона ја заврши во турското првенство, а веќе во новата сезона се сели во Романија.

Ова ќе биде ново искуство за Ѓоргиев кој досега нема настапувано во овој шампионат. Во моментов нашиот капитен е заедно со репрезентацијата во Скопје и се подготвува за квалификациските дуели за ЕП 2026 со Грција и Грузија.

„Да, во новата сезона ќе играм во Романија. Постигнав договор со Рапид Букурешт“, потврди Ѓоргиев.

Минатата сезона Рапид во романскиот шампионат заврши на 7. место. Со доаѓањето на нашиот најдобар одбојкар амбициите за следнава сезона значително ќе пораснат.

ПретходноДа не им е рано за насмевки: Азербејџанците веќе се во Скопје!(ФОТО)
СледноБеќири и Ибраими: Шкендија си има свои сметки! Сакаме нов историски успех!