ЛШ: Шкендија, ако го мине Карабах, во плеј-офот ќе игра со победникот од двомечот Лудогорец – Ференцварош!

255
ФОТО: KF Skendija/FB

На повидок можен спектакл! Шкендија против победникот од двомечот Лудогорец – Ференцварош во плеј – офот во Лигата на Шампионите.

Така сакаше денешната ждрепка во Нион.

Сепак за да дојде до вакво нешто, прво Шкендија, како што е познато, треба да го елиминира Карабах во рамките на двомечот од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.

Секако дека двомечот со Лудогорец или Ференцварош ќе биде вистински спектакл, како за клубот од Тетово, така и за сите фудбалски фанови во Македонија.

Овие мечеви се закажани за 19/20 и 26/27 август.

Првата средба би се играла на гости, додека реваншот во Скопје.

Тогаш Шкендија би била на чекор до рајот што се вели, сепак да почекаме, да видиме прво како ќе се одвиваат работите на двомечот со Карабах од Азербејџан.

На крај да потсетиме дека тетовци веќе остварија историски успех со, најмалку, пласманот во лигашката или групната фаза во Лига Конференции.

ПретходноНавивачите на Селтик се погласни: Купете го Миовски!
СледноМТЕЛ со хумана акција: „Освежи се со МТЕЛ“ – шишиња со вода за патниците на 1 август