Македонскиот младински репрезентативец Никола Величковски го засили тимот на Брера Струмица. Тој веќе тренира со останатите играчи кои првенството го отвораат со Силекс во Кратово.
19-годишниот Величковски во Струмица доаѓа од соседна Бугарија од екипата на Септември од Софија а во својата кариера има настапувано за Вардар, Работнички и Македонија ЃП.
Станува збор за млад надежен фудбалер кој игра во нападот и треба да биде клучен за конечна реализација. Важи за еден од носителите на македонската фудбалска репрезентација до 21 година а за младинските селекции на Македонија има над 20 настапи и запишано пет гола.