Познати можните ривали на Шкендија во плеј-офот: Бодо, Селтик, Ц. Звезда…

564

УЕФA за денеска во 12 часот ја најави ждрепката со која ќе се одредат двојките за плеј-оф колото во европските купови. Македонскиот првак Шкендија веќе ги дозна можните ривали и во случај да го помине Карабах во 3. коло од квалификациите во Лигата на шампионите, но и доколку не успее да ја мине оваа пречка.

Според листата објавена од УЕФА, можни ривали на тетовци на денешната ждрепка за одредување на двојките во плеј-офот од Лигата на шампионите се екипите на Бодо/Глимт од Норвешка, Селтик од Шкотска, како и победниците од следните натпревари од 3. коло: Малме – ФК Копенхаген; Лех – Ц. Звезда; Лудогорец – Ференцварош.

Во случај Шкендија да не успее да го мине Карабах, тогаш ќе продолжи во плеј-офот за Лигата на Европа. Таму можни ривали на „црно-црвените“ се следните состави:

Јанг Бојс од Швајцарија, како и поразените тимови од мечевите од 3. коло во ЛШ: Лудогорец – Ференцварош; Малме – ФК Копенхаген, како и победникот од мечот од 3. коло во ЛЕ меѓу Хамрун Спартанс од Малта и Макаби ТА од Израел.

ПретходноДавид Луиз пристигна на Кипар и предизвика лудило меѓу навивачите (ВИДЕО)
СледноОбвинителството поведе постапка поради говор на омраза на мечот Македонија – Романија