Одбојкарската федерација на Македонија и семејството Хаџииљоски по 49-ти пат ќе бидат организатори на меѓународниот меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски-Чајка“, кој ќе се одржи од 5. до 7. седми август во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопјe.
Прв ривал на Македонија ќе биде селекцијата на Швајцарија (5. август, 17:45 часот), додека на затворањето на турнирот Македонија ќе се соочи со Бугарија. (7 август, 19 часот).
„Задоволството е големо што ќе го имаме овој турнир во рамки на подготовките за евроквалификациите и обидот четврти пат во низа да играме на ЕП и да оствариме најголем успех во нашата историја. Целиот цилус на подготовки трае 32 дена, со 38 тренинзи и четири контролни мечеви. Самото учество на овој турнир ќе ни даде да ја постигнеме формата за решавачките мечеви. Ќе играме на еден од најпрестижните турнири во овој регион, императивот ќе биде победа, со цел да бидеме спремни за финалните мечеви за пласман на Европското првенство со Грција и Грузија“, изјави селекторот Јошко Миленковски.
Капитенот, Никола Ѓорѓиев во име на играчите вети дека на секој меч ќе играат максимално.
„Овој турнир ми е омилен, многу пати сме играле во финалињата, но се надеваам дека ќе го освоиме овој пат. Од Швајцарија во два меча, еден ден загубивме, вториот ги победивме. Исто беше и на контролните дуели со Бугарија. Швајцарската одбојка е во подем, ќе биде интересно да видиме како ќе може да им се спротиставиме. Тие играаа со Шведска и Шпанија, кога игравме лани со нив мислев дека ќе бидат аутсајдери, но тие сега се во игра за евро-шампионатот. Имаат селектор Аргентинец, го познавам од времето кога играв во Франкфурт. Што се однесува до Бугарија, првиот меч го добивме, вториот меч имавме задоволувачка игра, во која загубивме дваа сета на разлика. Јас во име на играчите можам да ветам дека ќе играме максимално, секој меч за нас од овој турнир за нас ќе биде како финале и се надевам дека ќе славиме.“, изјави Никола Ѓорѓиев.