Беласица се пофали и со Спиркоски! (ФОТО)

70
ФОТО: FK Belasica/FB

Бојан Спиркоски од вечерва и официјално е новото име во редовите на Беласица. Нема дилеми дека струмичани и тоа како се подготвуваат за новата сезона во ВМФЛ, во која, со оглед на сите летни засилувања и тоа како имаат големи амбиции.

Спиркоски има искуство со оглед на тоа дека има 30 години, доаѓа од Пелистер и веројатно ќе биде едно од најголемите засилувања за струмичани, посебно во нападот.

Претходно имаше и интернационална кариера.

Да потсетиме дека пред неколку дена раководството на Беласица го промовираше, исто така искусниот, Коста Манев.

ПретходноДождот како освежување: Гостите од Азербејџан го одработија тренингот на Арената! (ФОТО)
СледноЕуфорија во Милано: Еве како Модриќ беше пречекан од фановите на Милан!(ФОТО)