Беќири и Ибраими: Шкендија си има свои сметки! Сакаме нов историски успех!

99

Шкендија веќе испиша историја. После Вардар е вториот наш клуб кој ќе игра во групна или лигашка фаза во едно натпреварување, и тоа најмалку во Лигата на Конференции.

ФЦСБ или Стеауа веќе се во архива, утре на ред е првиот натпревар од двомечот со Карабах во рамките на 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.

Во пресрет на утрешниот меч со шампионот на Азербејџан, свое видување има шефот на струката на Шкендија, Јетон Беќири кој на денешниот прес истакна:

Не треба да се трошат зборови за тоа со каков противник ќе треба ги одмериме силите. Податокот дека во последните 12 години дури 11 пати бил шамион во својата земја тоа го кажува најдобро. Ние како Шкендија не треба само да го дадеме својот максимум на вакви натпревари, туку треба да одиме и над нашите можности. Секако дека сакаме нов историски успех и на овој двомеч со Карабах. Не е тајна дека го респектираме противникот, но и ние си имаме свои сметки. Без разлика на резултатот од утрешниот меч јасно е дека ќе се решава во реваншот во Баку.“.

Тука беше и капитенот Бесарт Ибраими, кој не криеше дека е среќен зошто со Шкендија ќе игра во групна фаза во едно европско натпреварување:

И повеќе од сигурно е дека ние фудбалерите ќе го дадеме максимумот. Нема сомневање дека Карабах е квалитетен тим, но ние ќе се обидеме да го надиграме. И јас, секако верувам дека можеме да дојде до нов голем и уште еден историски успех. Мора да веруваме во себе.“ посочи покрај другото Ибраими.

ПретходноКапитенот се сели во Романија: Никола Ѓоргиев ќе го облече дресот на Рапид (Б)
СледноНикола Величковски е ново засилување на Брера