Вардар ги пушти во продажба билетите за мечот со Пелистер!

136

И да сакавме не можвевме да одбереме подобар натпревар за отворање на сезоната 2025/26 во ПМФЛ отколку со мечот меѓу Вардар и Пелистер или “Дербито на Македонија“ кое се игра во петок (8 август) од 20 часот на Арената во Скопје.

Раководството на Вардар веќе ги пушти во продажба билетите за тој натпревар кои ќе чинат по 300 денари.

Билети ќе има само за јужната трибина а ќе можат да се купат онлајн преку мрежата на Мктикетс.

Се разбира дека и Вардар и Пелистер гарантираат еден спектакуларен меч во ПМФЛ, под рефлектори, за наши услови.

ПретходноРК Пелистер ги обединува своите легенди со гратис сезонски билети
СледноОва е реакцијата на Флик по повредата на Кубарси!(ВИДЕО)