Гигантот од Милано го претстави Лука Модриќ: Милан мора да се бори за трофеи!

50
ФОТО: ACMilan.com

Иако пред неколку недели беше потпишан договорот, денеска гигантот од Милано го претстави своето најголемо летно засилување.

Како што му доликува на еден така трофеен играч кога ќе дојде во твојот клуб, Милан со прес-конференција го претстави Хрватот.

Попладнево Лука -манија се случува во Милано. Лука е големо име, фановите на Милан добро знаат каков играч добиле.

Се разбира дека Модриќ со пиетет говореше за својот нов клуб, јасно е дека и Милан е гигант. Тој посочи дека Милан мора, без разлика на се, секоја сезона па и во претстојната да се бори за титули и дека минимум треба да се пласира во Лигата на Шампионите.

Ќе го носи дресот со бр.14. Потенцираше дека ќе стори се да ги радува фановите на неговиот нов клуб со добри игри.

Претходно„Енфилд“ евакуиран, подоцна гледачите се вратија на трибините и мечот со Билбао веќе се игра!(ФОТО)
СледноОфицијално: Лони Вокер се враќа во Евролигата за 10.000.000 евра