Гурбан Гурбанов: Карабах мора да биде внимателен, Шкендија е силен тим!

152
ФОТО: FC Karanakh/FB

Во Скопје дојдоа како фаворити. Сепак, за разлика од ФЦСБ сите во таборот на Карабах на секој чекор покажуваат респект кон домашниот тим, кон Шкендија. Вечерва во пресрет на утрешниот прв дуел од двомечот меѓу Шкендија и Карабах, стратегот на шампионот на Азербејџан, Гурбан Гурбанов со одбрани зборови говореше за Шкендија:

Ќе играме многу важен натпревар. Противникот нè пречекува на домашен терен по двете победи над ФЦСБ. Ќе играме против тим со голема желба. Можам да кажам дека Карабах е целосно подготвен. Во утрешниот натпревар мора да го покажеме нашиот карактер до крај. Ова е многу важно, бидејќи Шкендија е многу силен тим. Ќе се обидеме да победиме со добра игра. Да, ги гледав двата натпревари на Шкендија со ФЦСБ. Но, според мене, нема смисла да се истакнуваат силните и слабите страни на противникот, бидејќи секој тим ги има. Само треба да ја градиме нашата игра, а не да му дозволиме на противникот да ги покаже своите. Против Шкендија мора да бидеме внимателни во текот на сите 90 минути. “, рече Гурбанов.

Да потсетиме, утрешниот натпревар од 3.квалификациско коло во ЛШ се игра на Арената во Скопје со почеток од 20 часот.

ПретходноКумановци не знаат за доста: И Марко Симоновски во дресот на Башкими! (ФОТО)
СледноЕмоции и солзи на „Енфилд“ за Диого Жота!(ВИДЕО)