Давид Луиз пристигна на Кипар и предизвика лудило меѓу навивачите (ВИДЕО)

79
фото: Pafos FC (X)

Прославениот бразилски фудбалер Давид Луиз (38) пристигна на Кипар и потпиша договор со шампионот на земјата, екипата на Пафос.

Луиз пристигнува откако ја заврши соработката со Форталеза од Бразил на средина од сезоната, каде што го загуби местото во тимот, па бараше нов предизвик.

Пафос го обезбеди потписот на поранешниот бразилски репрезентативец и одбранбен играч за бројни големи европски клубови, вклучувајќи ги Бенфика , Пари Сен Жермен, Челзи (двапати) и Арсенал.

Како што доликува на фудбалска ѕвезда од таков калибар, Луис беше топло пречекан од голем број навивачи на Пафос, медиуми и фудбалски фанови.

ПретходноИнтер Мајами: Повредата на Меси не е сериозна, се враќа наскоро
СледноПознати можните ривали на Шкендија во плеј-офот: Бодо, Селтик, Ц. Звезда…