Во пресретна утрешниот прв дуел од двомечот со нашиот шампион, вечерва гостите од Азербејџан го одработија оној вообичаен тренинг. Секако дека на моменти дождот дојде како освежување за момците на тренерот Гурбан Гурбанов.
Карабах во својата историја по третпат ќе игра на нашиот најголем стадион. На двата меча како гостин на Металург има победа од 1:0 и реми од 1:1.
Нека утре, мечот започнува во 20 часот, биде првиот пораз овде во Скопје на Арената, нема да имаме ништо против.
Инаку на тренингот на Карабах беше присутен и Муарем Муарем, актуелниот стратег на Куманово и некогашен член на тимот од Баку со цел да се види со своите пријатели од овој клуб.