Интер Мајами: Повредата на Меси не е сериозна, се враќа наскоро

16
фото: All About Argentina (X)

Интер Мајами потврди дека Лионел Меси избегнал сериозна повреда.

Напаѓачот на составот од Флорида беше заменет на почетокот од натпреварот од 2. коло од Лига купот со Некакса (2:2, 5:4 на пенали) поради повреда на тетивата.

„Резултатите од прегледот потврдија лесна повреда на мускулите на десната нога. Враќањето во акција ќе зависи од клиничката состојба и ефикасноста на третманот“, се вели во соопштението на клубот.

ПретходноАл Хилал во финална трка за Дарвин, Уругваецот дал „зелено светло“
СледноДавид Луиз пристигна на Кипар и предизвика лудило меѓу навивачите (ВИДЕО)