Кадетките ја остварија првата победа на Европското првенство

102

Македонската женска кадетска репрезентација ја запиша првата победа на Европското првенство кое се одржува во Црна Гора. Нашите ракометарки ја совладаа Турција со 27-30. Триумфот го обезбедија благодарение на добрата игра во второто полувреме, во кое беа подобри со 13-17. Во првото полувреме противникот имаше еден поен негатива од 13-14.

Беровиќ со осум гола беше лидер во нашите редови, зад неа беше Лашкоска со седум погодоци.

Победата против Турција доаѓа по ремито со Португалија во битката за пласман од 9-то до 16- место.

ПретходноЛига Европа: Шкендија во плеј – офот би играла со поразениот од двомечот Лудогорец – Ференцварош!
СледноЃорѓиев: Секој меч за нас на овој турнир за нас ќе биде како финале