Кумановци не знаат за доста: И Марко Симоновски во дресот на Башкими! (ФОТО)

137
ФОТО: KF Baskimi/FB

Повратникот во елитата, Башкими и тоа како е присутен на трансфер – пазарот ова лето. Откако во прво време се ориентираа на играчи од БиХ, секако и од Африка, вчера и денеска и тоа како се покажаа со два интересни трансфери.

Прво со ангажманот на Ајдоган, кој минатата сезона играше за Гостивар и беше еден од најдобрите играчи во ПМФЛ, а попладнево Башкими се пофали и со напаѓачот Марко Симоновски (33), кој минатата сезона исто така беше дел од Гостивар.

Инаку Симоновски досега во својата кариера има играно и за екипите на Вардар, Металург, Напредок, а како интернационалец играл во клубови од Косово, Хрватска, Русија, Казахстан, Финска, Романија…

ПретходноСпектакл во најава: И „Чкембари“ доаѓаат на „Дербито на Македонија“ во Скопје!
СледноГурбан Гурбанов: Карабах мора да биде внимателен, Шкендија е силен тим!