Лига Европа: Шкендија во плеј – офот би играла со поразениот од двомечот Лудогорец – Ференцварош!

200
ФОТО: KF Skendija/FB

Шкендија попладнево во Нион, каде што и се одржа ждрепката, го дозна можниот противник во плеј – офот во Лигата на Европа.

Па така во случај ако нашиот шампион биде елиминиран од Карабах во 3.квалификациско коло во ЛШ, тогаш во плеј – офот во ЛЕ ќе ги одмери силите со поразениот од двомечот Лудогорец – Ференцварош.

Натпреварите од оваа фаза се закажани за 21 и 28 август.

Првиот натпревар се игра во Скопје, а реваншот на гости.

Интересно, Шкендија во плеј – офот во ЛШ ќе игра со подобриот од тој двомеч, додека во плеј – офот во ЛЕ со поразениот од овој двомеч меѓу бугарскиот и унгарскиот шампион.

Секако дека и ова ќе спектакл за нашите фудбалски фанови, ама ние сите ние посакуваме, се надеваме, очекуваме дека нашиот шампион ќе го мине Карабах и ќе игра во плеј-офот во Лигата на Шампионите.

Од друга страна најважно е што тетовци веќе си осигураа најмалку лигашка фаза во Лига Конференции и наесен ќе одиграат шест меча во ова натпреварување.

ПретходноАларов: Не сум човек кој сака да прогнозира, наше да работиме и да градиме резултати!
СледноКадетките ја остварија првата победа на Европското првенство