Мицкоски: Го осудувам национализмот и ксенофобијата! Навивачки групи треба да навиваат спортски!

86
Фото: Христијан Мицкоски/Фејсбук

Премиерот, Христијан Мицкоски беше на натпреварот меѓу Македонија и Романија во рамките на претквалификациите за СП 2027 година. За време на истиот, кој се одигра во Куманово, неколкумина навивачи скандирааа со навредлива и омаловажувачка содржина. Тој денеска пред новинарите го осуди ваквото скандирање. 

„Во текот на вчерашниот ден домаќинот, а тоа беше Кошаркарската федерација исто така и Општина Куманово го осудија скандирањето и ксенофобичните испади на неколкумина во салата, искрен да бидам додека бев таму, воопшто и не го забележав тоа, бидејќи стануваше збор за мала група на луѓе. Но, исто така еве би сакал да ја искористам оваа прилика да се приклучам кон осудата на национализмот и ксенофобијата, најпрвин на таа што се случи за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија и Романија, а потоа и да упатам порака до сите навивачки групи да навиваат спортски, да го бодрат својот тим и националниот тим на Македонија. Тоа е она кое што оваа Влада го поддржува, а сето останато ќе биде предмет на истрага и предмет на санкции, без разлика од која страна доаѓа“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на поставувањето камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ Скопје.

Тој после поразот на Македонија испрати поддршка до младите кошаркари да не ја губат вербата.

ПретходноМТЕЛ со хумана акција: „Освежи се со МТЕЛ“ – шишиња со вода за патниците на 1 август
СледноАларов: Не сум човек кој сака да прогнозира, наше да работиме и да градиме резултати!