МТЕЛ со хумана акција: „Освежи се со МТЕЛ“ – шишиња со вода за патниците на 1 август

14

Во знак на општествена одговорност и грижа за заедницата, телекомуникацискиот оператор МТЕЛ спроведе освежителна акција на 1 август под мотото „Освежи се со МТЕЛ“.

Во текот на денот, тимот на МТЕЛ беше присутен на граничниот премин Богородица каде што на случајни патници им беа доделени шишиња со вода. Оваа активност доаѓа како одговор на екстремно топлите летни денови, со цел да се поттикне важноста на хидратацијата и вниманието кон сопственото здравје за време на патувањата.

„Во МТЕЛ веруваме дека општествената одговорност не се сведува само на донации или поддршка, туку и на едноставни, но значајни гестови. Со оваа акција сакаме да потсетиме дека грижата за другите започнува токму од ваквите моменти“, велат од компанијата.

Акцијата беше реализирана со голем ентузијазам од тимот на МТЕЛ и пречекана со насмевки и благодарност од патниците.

Оваа летна иницијатива е само една од низата активности со кои МТЕЛ ја демонстрира својата посветеност кон заедницата. Со современи дигитални решенија и блискост со луѓето, МТЕЛ и понатаму останува бренд кој не само што ги следи технолошките трендови, туку и активно придонесува за подобро општество.

ПретходноЛШ: Шкендија, ако го мине Карабах, во плеј-офот ќе игра со победникот од двомечот Лудогорец – Ференцварош!
СледноМицкоски: Го осудувам национализмот и ксенофобијата! Навивачки групи треба да навиваат спортски!