Кога играат вечните ривали Вардар и Пелистер тоа секогаш е спортски празник, како во ракометот така и во фудбалот.
Така ќе биде и во петок навечер кога од 20 часот се игра “Дербито на Македонија“ меѓу Вардар и Пелистер на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје.
Ова ќе биде меч во рамките на 1.коло во новата 2025/26 сезона во нашата елитна лига.
Интересот е голем, а покрај домашните фанови, најавено е доаѓање и на фанови на ФК Пелистер од Битола, попознати како “Чкембари“ и тоа околу 350 на број.
Ова е спектакл во најава, а наше е да посакаме само да биде фер – плеј и новата сезона да започне со дерби – меч кој долго ќе го паметиме.