Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека некогашниот репрезентативец на Англија и член на Тотенхем, Деле Али, размислува да ја заврши својата фудбалска кариера на само 29 години.
„Деле тренира со голема група играчи на Комо кои моментално не се во план за првиот тим. Англичанецот почна да се прашува дали навистина е време да се каже дека е доста“, пишува весникот.
Деле Али дојде во Комо оваа зима и не се наигра, откако претходно остана беза клуб по настапите на Бешикташ и Евертон.
За него своевремено легендата на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон велеше дека ќе биде најдобар фудбалер во светот, а слично предвидување имаше и Пеп Гвардиола, кој го опиша како еден од најдобрите фудбалери кои ги видел.