Јагуриновски го освои првиот трофеј со Десау

58

Македонскиот ракометен репрезентативец Томислав Јагуриновски го освои првиот трофеј со новиот клуб Десау. Јагуриновски на крајот на минатата сезона го напушти Вардар и реши да се пресели во Германија.

На првата средба, Десау го совлада Родгау со 21-18, а Јагуриновски постигна еден гол. Со три гола нашиот репрезентативец помогна во победата над Кирцхел од 26:16 во вториот меч, а во финалето на турнирот против Гросвалштад постигна уште еден гол.

Десау во финалниот дуел на турнирот го победи домашниот состав со 45-33.

Претходно„Играч на меч“ во Данска како награда доби 55 килограми свежо ископани компири (ФОТО)
СледноМекинтош и Маршан се најдобрите пливачи на СП во Сингапур