Александар Исак се појави во базата на Њукасл (ВИДЕО)

72
ФОТО: Newcastle United F.C./FB

Александар Исак се појави во базата на Њукасл и тренираше утрово, објави Скај Спортс. Напаѓачот чека трансфер во Ливерпул, поради што досега дури и не бил во Англија.

25-годишникот не патуваше со тимот на неговата азиска турнеја и беше во Шпанија, каде што се подготвуваше во базата на неговиот поранешен клуб Реал Сосиедад. Повреда официјално беше наведена како причина за ова.

Се чини дека евентуалното преселување на Исак на Енфилд зависи од тоа дали Њукасл прво ќе се договори со РБ Лајпциг за Бенјамин Шешко. Инаку, Њукалс веќе одби понуда од Ливерпул.

Инаку, Исак денес тренираше сам, бидејќи останатите играчи на Њукасл слетаа наутро по летот од Република Кореја и добија слободен ден.

ПретходноНикола Величковски е ново засилување на Брера
Следно„Играч на меч“ во Данска како награда доби 55 килограми свежо ископани компири (ФОТО)