Бојан Спиркоски од вечерва и официјално е новото име во редовите на Беласица. Нема дилеми дека струмичани и тоа како се подготвуваат за новата сезона во ВМФЛ, во која, со оглед на сите летни засилувања и тоа како имаат големи амбиции.
Спиркоски има искуство со оглед на тоа дека има 30 години, доаѓа од Пелистер и веројатно ќе биде едно од најголемите засилувања за струмичани, посебно во нападот.
Претходно имаше и интернационална кариера.
Да потсетиме дека пред неколку дена раководството на Беласица го промовираше, исто така искусниот, Коста Манев.