Легендарниот голман на Вардар доби отказ во Веспрем

624

По пет сезони во стручниот штаб, Арпад Штербик си замина од унгарскиот гигант Веспрем.

Унгарскиот клуб го објави крајот на соработката со својот тренер на голманите. Управата има намера да „продолжи со развојот на оваа област со поинаков пристап и нова насока“. Во исчекување на назначувањето на наследник, тренинзите на голманите ќе се води интерно.

Поранешна легенда на Вардар се приклучи на клупата на Веспрем во 2021 година, веднаш по завршувањето на својата играчка кариера. За пет години, тој придонесе за освојување на три титули во унгарското првенство, четири национални купа и една титула на клупското светско првенство.

ПретходноКАКОВ СЕЛЕКТОР Е ОВА? Андреевски им наредил на кошаркарите да напишат на ливче кој не треба да биде во составот, а потоа гласно читал!
СледноНавивачите на Селтик се погласни: Купете го Миовски!