РК Пелистер ги обединува своите легенди со гратис сезонски билети

75
Пелистер започна акција со која ќе ги обедини на едно место своите легенди. Од таборот на актуелниот македонски првак ги повикаа сите битолски легенди кои биле дел од ракометниот клуб со најмалку 101 меч да дојдат да ги подигнат бесплатните сезонски билети за сите мечеви на двата тима во сите натпреварувања.
„Ги повикуваме сите битолчани и поранешни ракометари на РК Пелистер, РК Пелагонија, РК Работник, РК Еурофарм Работник и РК Еурофарм Пелистер со најмалку 101 натпревар за битолските клубови да бидат дел од нашите натпревари во сезоната 2025/26. На секој ракометар од Битола со најмалку 101 натпревар клубот ќе му подари сезонски билет за цела нова сезона и ќе му гарантира место во спортската сала „Боро Чурлевски“ на сите натпревари на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2. Акцијата важи за сите наши легенди битолчани и пелистерци. Би ни претставувала голема гордост на едно место на нашите натпревари да ги видиме ракометарите кои ја испишаа нашата историја и историјата на македонскиот ракомет. Затоа што колку што легенди има Пелистер, немаат сите други клубови заедно!
Сите легенди кои ќе учествуваат во акцијата можат своите сезонски билети да ги подигнат во канцеларијата на РК Еурофарм Пелистер најдоцна до 5 септември 2025 година“, се вели во известувањето на Пелистер. 
ПретходноМекинтош и Маршан се најдобрите пливачи на СП во Сингапур
СледноВардар ги пушти во продажба билетите за мечот со Пелистер!