По тренингот на Арената кој го одработија гостите од Баку, вечерва својот тренинг го одржаа и фудбалерите на Шкендија. Тактиката е готова, тренерот Јетон Беќири знае и тоа како треба. Вечерва тренингот беше со цел да се одработат само некои варијанти и да се почувствув тревникот на нашиот најголем спортски објект.
Јасно е дека Шкендија сака и трета победа лето тука на Арената во Европа, по триумфот над ТНС со 2:1 и со ФЦСБ со 1:0, утре од 20 часот на ред е и Карабах.
Нема дилеми, Шкендија е спремна за историска пресметка со Карабах, за ново ЧУДО во Европа!