Се подготвува нова НБА „бомба“: Њујорк чека шанса да го грабне Јанис

116

Њујорк Никс се подготвува за голема трансфер бомба во НБА лигата. Последните информации од „големото јаболко“ велат дека Никси чекаат Јанис Адетокумбо да стане достапен за размена и веднаш да тргнат во лов на еден од најголемите „пленови“ во лигата

„Разбрав дека Леон Роуз и компанија внимателно ја следат ситуацијата на Јанис Адетокумбо во Милвоки уште од пред меѓусезоната. Многумина во лигата веруваат дека Никси се многу заинтересирани за него, иако таа можност сè уште не се појавила. Јас секако мислам дека е можна ако ситуацијата е поволна“, пишува Џејмс Едвардс од „Атлетик“.

ПретходноМилан ќе му плати 39 милиони евра на Бриж за Јашари
СледноПолувреме: Карабах со гол од пенал до 0:1, Шкендија мора подобро и похрабро! (ВИДЕО)