Беќири и Гурбанов ги објавија стартните состави: Шкендија ќе напаѓа со Ибраими, Тамба, Љатифи…

1
ФОТО: KF Skendija/FB

Познати се стартните состави за вечерашниот дуел од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампините меѓу Шкендија и Карабах. И двајцата тренери, Јетон Беќири и Гурбан Гурбанов, ги “открија картите“ што се вели на нешто повеќе од еден час до стартот на мечот.

Беќири им дава шанса на следните единаесетмина:

Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Р. Рамадани, Алхасан, Тамба, Красниќи, Љатифи, Ибраими.

Гурбанов ќе го започне мечот со овие играчи:

Кочалски, Силва, Мустафазаде, Медиа, Т. Бајрамов, Педро Бикало, Каду, Адаи, Леандро Андраде, Зоубир, Акундзаде.

Натпреварот започнува од 20 часот на Арената во Скопје, реваншот се игра следниот вторник во Баку. Судија ќе биде познатиот Иван Кружлијак од Словачка. Победникот ќе оди во плеј-офот во ЛШ, додека поразениот во плеј-офот во ЛЕ.

ПретходноГотово е: Тадиќ и дефинитивно нема да потпише за Ц. Звезда!