Винисиус направи потег кој до некаде ги смири страстите во Реал Мадрид. Имено откако сите можни релевантни медиуми во Шпанија пренесоа дека Бразилецот нема намера да го продолжи договорот со “кралевите“ ако не добие иста плата како и Килијан Мбапе, сега тој “врати“ со порака на Инстаграм.
„Се вратив на најдоброро место во светот“ напиша Бразилецот откако вчера го одработи првот тренинг по летниот одмор.
Дали со ова Винисиус покажува дека е спремен на нови преговори или пак покажува дека сака да остане во Реал Мадрид и натаму без да прави “проблеми“,тоа само тој го знае.
Инаку во последната година неговото име постојано се врзуваше и за трансфер во Саудиска Арабија. Се споменуваа тешки милиони, па и милијарди евра, но познато е дека Реал Мадрид, барем засега, ги одбиваше понудите од пребогатите клубови од Саудиска Арабија.