Карабах вечерва ја совлада Шкендија со 1:0 на првиот меч во Скопје во 3. Коло од квалификациите за Лигата на шампионите. На прес-конференцијата, тренерот на гостите Гурбанов изјави дека очекува и неизвесен реванш следната недела.
„Сакам да им честитам на моите играчи кои се бореа до крајот. Во вакви мечеви борбеноста е најважна. Направивме грешки, но на крајот е важна победата. Имам само пофалби за Шкендија. Покажа дека заслужено е тука. Денеска покажаа дека се многу добар тим. Во Баку ќе биде неизвесно, бидејќи Шкендија може да биде опасна и во реваншот“, изјави Гурбанов.