Дали некој од Косово сака да направи хаос? ФИБА нема покренато постапка против Македонија!

351

Дуелот меѓу Македонија и Романија во рамките на првото претквалификациско коло за Светското првенство 2027 година доби друга димензија. Во Куманово група на навивачи краткотрајно и тивко скандираа националистички, спротивно на секој кодекс на однесување.

Сето ова беше веднаш осудено од страна на КФСМ, а потоа и на Премиерот Христијан Мицкоски, а додека Обвинителството во Куманово покрена истрага и веќе неколку лица се под истрага.

Иако реакцијата за овој инцидент од сите страни беше брза, сепак денешните случувања, но и реакциите од страна на одредени држави, па и медиуми, сами го отворија прашањето: Дали има политичка позадина во случајот Куманово?

Зошто се сомневаме?

Денеска медиумите во Косово објавија информација со наводна изјава од ФИБА, дека отворила истрага против КФСМ за Куманово. АПСОЛУТНО НЕТОЧНО!!! Засега нема ништо официјално од страна светската „куќа на кошарката“.

За тие што го пратат овој спорт само кога се случуваат вакви настани треба да имаат на ум дека кошаркарските федерации на Македонија и Косово ова лето одиграа бројни пријателски натпревари, сите минаа во најдобар ред, двете страни засега одлично соработуваат.

И не само тоа, Косово одигра пријателски меч со Швајцарија во нашата земја, а органзицијата и припадна токму на нашата федерација. И двете репрезентации нема никакви забелешки, само најдобри зборови.

Затоа веруваме дека позадината не е спортска, туку политичка. Штета што некој не сакаа спортот да ги урива сите бариери и да биде алатка за мир и пријателство.

ПретходноПрвите импресии на Валид, Хенигман и Хекберт од РК Пелистер за новата средина и за очекувањата во претстојната сезона! (ВИДЕО)
СледноНикола Костески: Посебно е чувството да играм во ист клуб со мојот брат