Женската кадетска ракометна репрезентација денеска доживеа уште еден убедлив пораз на ЕП и тоа од Шведска со 23:42. Ова е крај на надежите дека може да се избори пласман на Мундијалот и ова значи дека ги загуби сите шанса за пласман од 9-12 место на ова ЕП, па сега ќе мора да биде битка за место од 17 до 24 место и за опстанок.
Уште по првиот дел, кога беше 20:13 за Шведска, се знаеше во кој правец оди овој натпревар. Исто и во продолжение од средбата, Шведска беше таа доминираше на теренот и затоа на крајот заслужено дојде до убедлива победа.