Кои се трите најубави фудбалски дресови за новата сезона? (ФОТО)

56

Дресовите на Рома го привлекуваат вниманието скоро секоја година, но овој кој „римската волчица“ го подготви за новата сезона како трет комплет, остава без зборови. И не случајно, во изборот за најдобар дрес за сезоната 2025/26 кој го направи магазинот „Bleacher Report“, првото место му припадна на овој дрес.

Третиот дрес на Рома за оваа сезона е едноставно прекрасен и вклучува комбинација од популарни елементи што го издвојуваат. Минималистички е, се одликува со елегантна комбинација на бои и ретро лого „ASR“. Зелените нијанси и светлите детали на белата боја се инспирирани од италијанските градини. Природата и историјата се испреплетени во ново уметничко дело.

На второто место во изборот се најде дресот за 75-годишнината на француски Олимпик Лион кој тимот го носеше во последното коло од минатата сезона, а се очекува во него да игра и цела оваа сезона.

На третото место е гостинскиот дрес на шпански Еспањол кој предизвика лавина позитивни реакции кај навивачите ширум светот.

ПретходноЛиверпул му го продаде Мортон на Лион за 10+5 милиони евра
СледноИ покрај предупредувањата: Националистички скандирања за Голема Албанија и Илирида на Националната арена (ВИДЕО)